Судењето на напаѓачите на Села закажано за 26 јануари
Основниот суд Скопје 1 за 26 јануари го закажа почетокот на судењето на напаѓачите на лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, кои се товарат за обид за убиство.
Судењето, како што потврдија за МИА извори од Кривичен суд, ќе почне во 10 часот, а ќе го води судијката Славица Андреевска.
Села беше еден од најтешко повредените за време на насилствата во Собранието од 27 април. За обидот за убиство на Села се обвинети десет лица, Кире Ѓоргиевски, неговиот татко Цане Ѓоргиевски, Оливер Ошавковски, Сашо Сенков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски-Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павлески – Кобра.
Дел од напаѓачите беа идентификувани со помош на граѓаните, откако МВР на својата веб-страница објави кадри од снимки од настаните во Собранието на кои беа обвинетите.
Судењето на напаѓачите на Села ќе биде трет предмет за настаните во Собранието.
Девет лица добија условни затворски казни поради учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие. Судење имаше и против напаѓачот на актуелната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, кој беше осуден на четири години затвор.
Ново на Сител
-
Инспекторите на терен, деновиве ќе следат првите казни
-
Љутков: Во новиот буџет ставаме акцент на националните културни установи
-
Преглед на вестите од светот
-
Судскиот совет будно ја следи состојбата по реакциите на јавноста за смртта на Фросина
-
Синдикатите, газдите и владата седнуваат на заедничка маса
-
Министерството за култура ќе поддржи 1365 проекти од национален интерес
-
Подигнување на свеста за органодарителство
-
Преглед на вестите од светот