-->
-->
Судар на туристички автобус и комбе во Јужна Африка: 20 загинати, автобусот паднал во река
-->
Јужноафриканските власти соопштија дека најмалку 20 луѓе загинале, а 68 се повредени во судир на туристички автобус и комбе што превезувало пари. Судирот се случил синоќа околу 20 часот на автопатот N1 во областа Махадо во Лимпопо, пишува Дејли мејл.
По несреќата автобусот се превртел и паднал во реката. Службите за итна помош и противпожарната служба набрзо пристигнале на местото на настанот. Три лица се пронајдени мртви покрај патот, а уште 16 мртви покрај реката. Едно лице починало при транспорт во болница.
Повеќето од загинатите кои беа пронајдени покрај реката останале заробени под автобусот.
Причината за несреќата се уште не е позната. Службите за итни случаи соопштија дека пред инцидентот имало обилни врнежи во областа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кривично ќе се гонат четири лица за организирање борби со кучиња
-

АМСМ: Возете внимателно, коловозите се влажни
-

Петмина мртви, повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил
-

Денеска е Св. Великомаченик Димитриј – Митровден
-

САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател Ал Шара
-

УН: Хуманитарната помош во Појасот Газа сè уште доаѓа преспоро
-

Променливо облачно време со локални врнежи
-

Кремљ ги отфрли шпекулациите за раздор меѓу Путин и Лавров
