-->
-->
Суд во САД времено ја блокираша забраната против ТикТок
-->
Американски суд времено го блокираше влегувањето во сила на одлуката на американската администрација за отстранување на ТикТок од апликациите на Гугл и Епл.
Забраната за преземање на ТикТок требаше да стапи на сила во недела во 23:59 часот по локално време.
Окружниот судија Карл Николс издаде привремена забрана по барање на ТикТок, апликација за која Белата куќа вели дека е закана за националната безбедност, тврдејќи дека кинеската компанија е поврзана со владата на Пекинг.
Судската одлука ќе дозволи употреба на ТикТок до 12 ноември, кога целата употреба ќе биде блокирана. Судијата го отфрли барањето на ТикТок за укинување на забраната по 12 ноември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Родителите трошат годишно во просек од 160 000-200 000 денари за да одгледаат дете
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува судењето за пожарот во Пулс
-

Мицкоски: Силна поддршка за Сејф Сити
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе има безбеден сообраќај
-

Николоски: Интензивно работиме на изградба на патиштата
-

Муцунски на средба со Калас во Брисел
-

Годишни трошоци од 3.000 евра за едно дете
