Студот донекаде е полезен за човековото здравје
Покрај вообичаените опасности и ризици, студот донекаде е и добар и корисен за човековото здравје – секако, при умерена изложеност. Следат неколку придобивки што телото и умот ги имаат од ниските температури.
Мозокот работи подобро
Битните одлуки се носат „со ладна глава“, вели една изрека. Но, и според стручњаците, на повисоки температури луѓето многу поретко носат поголеми, посложени, важни одлуки. Топлото време побрзо ги исцрпува резервите на гликоза, а бидејќи телото ја користи гликозата во умствените процеси, недостатокот влијае на човековата способност за одлуки.
Повеќе енергија
Прошетка на ладно време го исполнува човекот со енергија и тоа дејство трае со часови по враќањето на топло. Студот поттикнува енергија, но не треба долго време да се биде изложен на студ.
Подобро дишење
Поради почистиот, зимски воздух во некои подрачја, подобро се дише, велат стручњаците. Свежиот и чист воздух е идеален за време поминато во природа, долги прошетки и длабоко дишење.
Студот ги намалува воспаленијата и отстранува инфекциите
Воспалението на мускулите често се ублажува со нанесување мраз на отокот или местото на болката. И ниските температури на воздухот го имаат истиот ефект. Спортистите, на пр., користат тн. криотерапија, т.е. терапија со мраз, што значи изложеност на екстремно ниски температури, при лекување на воспаленија и повреди. Да се биде надвор го прави човекот поотпорен поради бројот на клетки што се борат против инфекции.
Подобар сон
Луѓето кои патат од несоница, честопати имаат повисока телесна температура, па затоа спиењето во малку разладена просторија – на совршена температура од 16 до 20 Целзиусови степени, ќе им помогне на оние со покревок сон.
Ново на Сител
-
Прегледани 745 апликации на јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија
-
Руски агент во Киев осуден на 15 години затвор за насочување напади во близина на Покровск
-
САД воведуваат казнени царини за мали пратки од Кина
-
Венс: Војната во Украина нема брзо да заврши
-
Без струја делови од Центар, Ѓорче Петров и Горно и Долно Лисиче
-
Честитка од рускиот патријарх Кирил до архиепископот Охридски и Македонски Стефан
-
МЕРМС: Значителен раст во енергетскиот сектор во март 2025 година
-
Мицкоски и Перински во посета на Кавадарци во рамки на проектот „Каде што срцето е дома“