Свет
12. September 2016 - 13:58

Студија: Два милиони деца во Германија живеат во сиромаштија

И покрај економскиот раст и рекордно ниска невработеност, истражувањата на германските организации покажуваат дека во најголемата европска економија има пораст на детска сиромаштија.

Извештајот на „Фондацијата Бертелсман“ објавен денеска покажува дека бројот на деца чии семејства зависат од социјална помош постојано расте и варира од покраина во покраина, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Според студијата, процентот на малолетници во Западна Германија чии семејства ја примаат најниската социјална помош (Харт 4) пораснал од 12,4 во 2011 година на 13,2 во 2015 година.

На истокот на земјата бројот на вакви семејства паднал за 2,4 отстоп, но сепак вкупниот број на фамилии кои што примаат основна социјална помош е 21,6 проценти.

Изразено во бројки, во 2015 година околу 1,9 милиони деца растеле во сиромаштија според германски стандарди, што е зголемување за 52 деца во споредба со 2014 година.

За експертите уште поголем проблем е што 57,2 отсто од децата меѓу 7 и 17 години примаат основен пакет социјална помош подолг од 3 години, затоа што колку тој период е подолг толку полоши се последиците во развојот. Децата кои што долго време живеат од социјална ппомош според истражувањата се социјално изолорани, имаат повеќе здравствени проблеми, и имаат поголеми проблеми во образованието од децата чии семејства не примаат социјална помош. 
Најподложни за сиромаштија се децата од самохрани родители или децата од семејства со поголем број на браќа и сестри.

Најзагрозени од овој проблем се децата во регионите на Бремен, Гелзенкирхен и Северна Рајна Вестфалија каде дури 38 проценти од децата примаат социјална помош. Во Главниот град Берлин едно од три деца живее во семејство кои што прима основна социјална помош. Во покраините Баварија и Баден Виртенберг само 6,8 односно 8 отсто од децата зависат од социјална помош.