Студентски протест пред Министерството за образование и наука
Пред Министерството за образование и наука попладнево почна најавениот протест на студентите кои на ваков начин одлучија да изразат незадоволство од ефикасноста на МОН бидејќи не ги почитува роковите за исплата на стипендиите и на други субвенции.
Организатор на протестот е Универзитетското студентско собрание (УСС) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кое соопшти дека студентите „го креваат гласот обединети“, затоа што имаат поддршка и од универзитетските студентски собранија на државните универзитети „Св. Климент Охридски“, „Гоце Делчев“, „Мајка Тереза“, како и од приватните универзитети АУЕ-ФОН и Американ колеџ.
"Сакаме промени, сакаме одговорност" извикуваат студентите кои револтот го изразуваат со свирежи, транспаренти и "црвени картони", собрани на булеварот пред МОН кој е затворен за сообраќај.
Со протестот студентите бараат поголема ефикасност на МОН поради ненавремена исплата на студентските стипендии, задоцнети исплати на ваучерите за превоз, доцнења со исплатите по склучувањето на спогодбите за ретроактивна исплата на стипендиите, проблеми со мерката субвенциониран студентски оброк, поради непочитување на утврдените рокови и, како што велат, проблеми во координираноста помеѓу одделенијата во Министерството.
На протестот учествува и неформалната организација „Студентски отпор“ која претходно закажа протест пред МОН во 16 часот, но се придружи на иницијативата на УСС на УКИМ и на заеднички протест во 14 часот заради масовност и единственост во барањата. Како што соопшти, „само обединети и заедно можеме да се избориме за нашите студентски права“.
Ново на Сител
-
Пет месеци од трагедијата во Кочани, 18-ти по ред „Марш на ангелите“
-
Тема на денот со Тони Менкиноски
-
Пратениците од ДУИ гласаа против измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Средбата Трамп-Путин заврши без договор за прекин на руско-украинската војна
-
Цела ноќ битка со стихиите кај Јажинце, денеска критично и кај Јасен
-
Славески: Без јасна поделба на универзитетите секое следно рангирање ќе носи фрустрации, не решенија
-
Кога студентите ќе ги добијат ваучерите од 250 евра за електронски уреди?
-
Проблемот со струшката депонија пред судот во Стразбур