Студентите во Србија не се откажуваат, блокирани се 33 државни факултети
Вкупно 33 факултета во Србија се блокирани, јавија српските медиуми. Во Белград, Ниш, Нови Сад и Крагуевац блокирани се вкупно 33 факултети, а студентските протести како лавина се шират и секој ден се се поголеми, јави ТВ Нова.
Студентите на факултет низ Србија деноноќно протестираат барајќи одговорност за жртвите од трагедијата во Нови Сад и објавување на комплетната документација за реконструкција на железничката станица.
Протестите започнаа на Факултетот за драмски уметности на 25 ноември, откако студентите и професорите блокираа булевар за време на петнаесетминутниот молк за да им оддадат почит на жртвите во Нови Сад, кога беа нападнати од насилници, кои подоцна беа поврзани со владејачката партија – СНС. По инцидентите студентите ја блокираа зградата на ФДУ и оттогаш меѓу другото бараат и кривично гонење на напаѓачите.
Деканатот на тој факултет ги поддржа своите студенти.
Студентите од тие факултети низ Србија секој петок во 11.52 часот застануваат и молчат по 15 минути, во знак на почит кон жртвите од трагедијата во Нови Сад.
Блокадите на факултите започнаа откако насилници ги нападнаа студентите на Факултетот за драмски уметности со кои сега се солидаризираа нивите колеги. Тие се единствени и во барањата – да се гонат одговорните за падот на настрешницата, како и напаѓачите на студентите, а приведените учесници на протестите да бидат ослободени.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за градоначалникот на Крива Паланка - Митовски тврди: Се е по закон
-
Власта и опозицијата повторно се судрија за пензиите, кој доби, а кој загуби со линеарното покачување
-
Секоја 3-та фирма не издава фискални сметки, плаќањето со картичка ќе ја намали сивата економија
-
Музеите на Скопско Кале ќе бидат санирани и отворени за посетители до крајот на годината
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска поднесе оставка
-
Втор ден потрага по 16 годишното девојче кое исчезна во водите на Вардар
-
Пожарот на планината Серта ставен под контрола, но се уште гори