Студенти од Македонија и Бугарија ќе можат бесплатно да студираат на универзитет во соседната земја
Студенти од Бугарија и Северна Македонија ќе можат бесплатно да студираат на универзитети во соседната земја. Секоја година, владите на двете земји ќе финансираат до четири стипендии кои ќе покриваат целосни дипломски или магистерски студии. Ќе бидат обезбедени и пет стипендии за еден семестар. За нив ќе можат да се пријават оние кои сакаат да студираат на сите специјалности, освен медицинските и оние од уметноста и спортот.
Ова е предвидено со билатералната програма за соработка во областа на образованието, што денеска во резиденцијата „Бојана“ ја потпишаа министерот за образование на Бугарија Николај Денков и неговиот македонски колега Јетон Шаќири, јави дописникот на МИА од Софија.
![]()
Со документот, Северна Македонија и Бугарија се обврзуваат да обезбедат обука за најмногу тројца докторанти годишно. Ќе се обезбедат и средства за постдипломски квалификации за период од два до девет месеци. Се очекува ректорите на универзитетите да одржат заедничка средба на која ќе се разговара за можностите за заеднички истражувачки проекти и вмрежување во двете земји. Ќе се поттикнува образовната мобилност на студенти, наставници и истражувачи, како и научно-техничката соработка меѓу Бугарската академија на науките и МАНУ.
Програмата, исто така, предвидува Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања да даде препораки за правилна презентација на наставните материјали во учебниците во Северна Македонија и Бугарија. Овие препораки ќе бидат усвоени и имплементирани од владите на двете земји.
Потпишана е и Програма за соработка во областа на културата, како и Меморандуми за партнерство за млади и спорт помеѓу националните агенции Еразмус + и Европскиот корпус за солидарност. Тие вклучуваат заеднички културен календар, стипендии за млади уметници, пријателски фудбалски натпревар меѓу двете влади, младински изложби и други активности.
Ново на Сител
-

Рубио: Притисокот на САД врз сојузниците во НАТО да вложуваат повеќе во одбраната не е непријателска работа
-

Трамп: Секој што го користи терминот вештачка интелигенција е „непријател“
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
