-->
-->
Студент починал откако изел тестенини стари пет дена
-->
Дваестгодишниот студент А.Ј. од Брисел, Белгија, починал откако изел тестенини стари пет дена. Трагедијата се случила во октомври 2008 година, но стана актуелена во јавноста откако „US Journal of Clinical Microbiology“ реши да ја обелодени неговата приказна.
Порцијата со шпагети ја зготвил пет дена пред да ја изеде, а потоа ја оставил во кујна два дена. Неговиот цимер потоа ја ставил во фрижидер, каде стоела уште три дена, опишале во снимката која досега е прегледана повеќе од милион пати.
Студентот пет дена подоцна ја загревал порцијата во микробранова печка, а не бил свесен дека тоа е истата од пред неколку денови. Набрзо почнал да се чувствува лошо, имал мачнини, главоболка и болка во стомакот. После неколку часа почнал да повраќа.
Заклучил дека станува збор за труење во желудникот, па испил многу вода, земал лек за желудник и отишол да спие, велат на снимката. Тој се разбудил во болки и повторно повраќал, после што неговиот цимер повикал брза помош. Пред да дојде Брзата помош, А.Ј. се онесвестил. Во болницата починал.
Обдукцијата покажала дека смртта била предизвикана од бактеријата „Bacillus cereus“, а откриено е и дека лекот кој го земал, го оштетил неговиот црн дроб, кој веќе откажувал поради бактеријата која се развила во организамот.
Докторот кој се појавува на оваа снимка тврди дека овие случаеви се многу ретки.
- Важно е да се напомене дека ова не е типичен случај на труење со храна. Многу луѓе јадат шпагети, или било кој друг вид на тестенини, кои се стари еден или два дена, и не им е ништо. Но, бидете внимателни со храна која не стоела во фрижидер повеќе од неколку часа. Ако храната мириса чудно, секогаш е подобро да бидете внимателни, отколку да зажалите, рекол тој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево