Студен бран со дожд и снег

Студен бран со дожд и снег, најавува УХМР за наредните денови. Утре кон крајот на денот во западните и северните делови ќе има повремен локален дожд. Во сабота ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во недела времето ќе биде облачно и студено со врнежи кои поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен северен ветер во поголем дел од земјава ќе бидат од снег и наместа ќе бидат пообилни.
На повеќе места се очекува да се формира снежна покривка, а на планините позначително да се зголеми. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.
Повремен снег ќе има и во понеделник, а потоа ќе преовладува стабилно и студено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни, а и дневните наместа ќе останат под нула.
Во Скопје во сабота ќе има повремени врнежи до дожд, а на околните планини од снег. Во недела ќе биде облачно и студено со умерен до засилен северен ветер и со повремени врнежи од снег. Се очекува да се формира помала снежна покривка.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
