Свет
8. January 2017 - 14:13

Студен бран го погоди источниот дел на САД

Источниот дел на САД, од државата Џорџија до Масачусетс, погоден е од бура пропратена со обилен снег.

Бурата во одредени места предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија, а регистрирани се и стотина сообраќајни несреќи. Издадено е предупредување кое се однесува дури на 73 милиони Американци.

Поради невремето откажани се или доцнат голем број летови ширум САД.

Снежната прекривка во југоисточна Вирџинија и во северниот дел на Северна Каролина изнесува околу 30 сантиметри, а во делови на Џорџија - 15 сантиметри.