Преглед на вести од светот
НАЈМАЛКУ 60 ЗАГИНАТИ ВО ПОПЛАВИТЕ ВО ШПАНИЈА
Шпанија е погодена од најсмртоносната поплава во последните три децении. Билансот на загинати надмина 60 и се стравува дека ќе продолжи да расте, бидејки многумина се водат како исзчезнати по вчерашните неколкучасовни интезивни поројни дождови. . Најлошо е во покраината Валенсија кој е целосно под вода. Таму спасувачите пронајдоа најмногу мртви тела. Поплавени се и делови на покраината Албвасете. Луѓе се спасувале од надојдените води качувајќи се на дрвја , автомобили и на покриви од куќи. Воз со 291 патник излетал од шините, но за срека нема повредени. . Итните служби примиле стотици повици за помош.. Во спасувачките акции се користат чамци, хеликоперти, кучиња трагачи , а на помош се повикани и војници.
Материјалната шетата доправа ке се проценува. Дождовите оставија поплавени куки, патишта и земјоделски површина, оштетени авотмобили, мостови и железничка мрежа. Со одлука на градските власти на Валенсија, денеска не работат училиштата, затворени се и парковите и одложени се сите спортски натпревари на отворено.
Шпанскиот премиер Педро Санчез побара од граѓаните во погодените области да се придржуваат до упатствата на локалните власти, и им порача дека владата ќе ги искористи сите неопходни средства за да им помогне .
„Цела Шпанија плаче со вас. Наш апсолутен приоритет е да ви помогнеме. Јавната администрација работи, работиме координирано за да го овозможиме ова и ќе ги обезбедиме сите потребни средства денес и утре. и онолку долго колку што е потребно за да можеме да се опоравиме од оваа трагедија, нема да ве оставиме сами“.
Помош на Шпанија и понудија ЕУ, Гемранија, Португалија и Србија.
БАЈДЕН ГИ НАРЕЧЕ ЃУБРЕ ПОДДРЖУВАЧИТЕ НА ТРАМП
Американскиот претсдедател Џо Бајден ги нарече поддржувачите на републканскиот кандидат за претседател на САД Доналд Трамп „ѓубре“ .
Неколклу часа подоцна на ИКС Бајден даде објаснување дека изјавата била реакција на расистичкиот коментар на комичарот кој за време на митингот на Доналд Трамп во Њујорк го нарече Порторико „пловечки остров од ѓубре а не на поддржуваќчте на Трамп. Но тоа не ги убеди поддржувачите на Трамп .
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар