-->
-->
Стружанец ја нападнал поранешната девојка среде ноќен клуб
-->

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 23-годишниот Е.М. од село Франгово, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “загрозување на сигурноста”. Пријавениот, на 10.06.2017 година во 22 часот и 30 минути во ноќен клуб во Охрид упатил навредливи зборови и сериозни закани по живот на неговата поранешна девојка.
Откако дознал дека неговата поранешна девојка со друштво се наоѓа во ноќен клуб, Е.М. пристигнал во објектот и отишол до масата каде се наоѓала девојката и ги упатил заканите. На тој начин предизвикал страв и вознемиреност кај оштетената и кај другите присутни.
По кратко време, пријавениот заминал по што продолжил да и се заканува со смс пораки на нејзиниот мобилен телефон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Приведените од Комуналец и утрово во полициска станица
-

Меѓународен форум за енергија во Скопје
-

Финишира предизборната кампања
-

Преглед на вестите од светот
-

Приведени директорот и уште еден раководител на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје
-

Мицкоски и Филипче во дуел за резултатите на владата
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, кандидат за градоначалник на Центар од СДСМ
-

Приведени директорот и уште еден раководител на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје
