Македонија
13. јуни 2024 - 12:17

Струмичко поле најавува рестрикции на водата за наводнување од браната Водоча

Рестрикции на водата за наводнување од брана Водоча најавувааат  од подружницата на водостопанство во Струмица. Наместо секој ден, водата ќе може да се користи само два дена во неделата.Причината за ваквата одлука е намалената количина во браната во која за една година биле акумулирани само, 1,5 милиони кубни вода. Од Струмичко поле  како главен фактор за ваквата состојба ги наведуваат малото сливно подрачје и долгиот период без поголеми врнежи. Според нив удел во сето ова има и дивата сеча на дрва во регионот која дополнително се одразува на врнежите. Но и покрај тоа тие велат дека место за загриженост нема, а земјоделците сами ќе одлучат во кои денови од неделата ќе добиваат вода за нивните посеви.

За разлика од Водоча, состојбата со Турија е многу подобра и таму нема никакви проблеми. Во моментов во браната имало  доволно количини на вода и за најжешките периоди од годината.

Проблеми со вода не треба да имаат ниту земјоделците што  наводнуваат и од останатите акумулации, Чаушица, Новоселка и Маркова река.Според информациите од Струмичко поле овие три брани се полни. Но и покрај тоа апелираат до сите земјоделци на планско и рационално користење на водата.