-->
-->
Струмичани мака мачат со голомразицата- отсечени населени места, жителите се снаоѓаат сами!
-->
Тротоарите низ Струмица се преполни со мраз, а резултат на тоа се многубројните скршеници на граѓаните од сите возрасти, кои се повеќе ги полнат ходниците во општата болница.
Состојбата во струмичките села е алармантна.
Во село Рич жителите веќе 4 дена се заробени. Од таму во телефонски разговор за Телеканал А1, велат дека освен со теренско возило со ништо друго не може да се стигне до селото.
Иако се јавиле да побараат помош кај надлежните, се уште очекуваат расчистување. Жителите се снаоѓаат како знаат и умеат.
Од општина Струмица пак, преку писмено соопштение ги повикуваат грѓаните кои имаат проблеми со снегот и мразот да ги пријават во „Комуналец“ и истакнуваат дека нивната екипа е на терен и ги чисти улиците.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Биљана Митева, претседател на Македонско-Бугарска Стопанска Комора
-
Масовни протести во Белград по несреќата во Нови Сад: Српските служби ја продолжуваат истрагата
-
Расчистено убиството во Арачиново
-
Ризик од корупција и судир на интереси во Академијата за судии и обвинители?
-
Бизнисот на удар од корупцијата
-
Инспекторите ги чешлаат универзитетите
-
Се позачестени несреќите на планина
-
Виртуелна прошетка низ Трескавец