Македонија
16. January 2022 - 21:34

Струмица вечерва најзагаден град во Република Македонија

Вечерва Струмица е најзагаден град во Македонија со 280 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички. По Струмица, втор најзагаден град во Македонија е Кичево со 237 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички.

Во главниот град најзагадено е во Лисиче со 205 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички, а од останатите македонски градови висока загаденост бележат и Тетово, Битола и Кавадарци.