Струмица ја одбележа 113 годишнината од смртта на Гоце Делчев
Струмица ја одбележа 113 годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Пред споменикот на револуционерот на градскиот плоштад кој го носи неговото име, делегации на локалната власт, политичките партии, здруженија и граѓани положија цвеќе.
Војник на слободата, стратег, револуционер, но и брилјантен ум, тоа е загубата на Македонија и на македонскиот народ, истакна во својот говор претседателот на Советот на Општина Струмица, Јосиф Христов.
- Што ќе се случеше со македонското дело, ако не паднеше Гоце? Ова прашање сигурен сум дека и денес си го поставуваат некои од нас. И по 113 години од неговата бестрашна смрт, останува прашањето што ќе се случеше ако останеше жив. Голема е загубата, бидејќи Македонија и Гоце Делчев меѓусебно се надополнуваат, истакна Христов.
За делото и пораката на револуционерот рецитираа и учениците од струмичките училишта.
Ново на Сител
-
Шест пратеници влегоа во АНБ со иста цел, но различни барања
-
Пожарот во Дрисла ги угуши скопјани
-
Какви последици врз здравјето предизвикува горење на депонија?
-
Проф. Трајковски: Аерозагадувањето не смее да се прифаќа како нормално
-
Азир Алиу го промовираше Здравствениот совет - Најави и ангажман на лекари од приватно во јавни установи
-
Мерки против поскапувањето нема да има, ќе се води внимателна макроекономска политика
-
Фридман: Македонскиот јазик е жив и здрав
-
Заштита за „Македониум“