-->
-->
Струга ја врати предноста од пет бода на врвот
-->
Екипата на Струга со уште една победа потврди дека е на вистинскиот пат да го освои првиот шампионски трофеј откако убедливо со 3-0 славеше на гостувањето кај Брегалница во Штип.
Резултатот со прекрасен удар уште во 8-та минута го отвори Малески по што Брегалница не успеа да се опорави и во продолжението Бесарт Ибраими го зголемува водството на 2-0.
Точка на мечот на почетокот на вториот дел стави Марјан Радески со што продолжува успешната серија на Стружани под водството на Шпетим Дуро.
Со овој триумф Струга Трим Лум ја врати предноста од 5 бода во однос на второпласираната Шкендија односно 7 пред Шкупи.
Прва МФЛ 30. Коло
Шкендија – Македонија ЃП 3-1
Силекс – Шкупи 0-2
Брегалница – Струга ТЛ 0-3
Тиквеш – Работнички 1-3
Победа – Скопје 0-4
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска