Стручен состанок на Институтот за медицина на трудот

Стручен состанок организира денеска Институтот за медицина на трудот – Колаборативен центар на Светската здравствена организација во соработка со канцеларијата на СЗО во Скопје.
Како што е најавено ќе бидат презентирани предавања за врската на медицината на трудот со Примарната здравствена заштита во реализација на заедничките цели на универзална покриеност со здравствените услуги. Состанокот се организира во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на здравјето, чија тема годинава е „Универзална покриеност со здравствените услуги: секој и секаде!“ со порака „Здравје за сите! Здравје за сите работници!”.
Со цел подобрување на следење на здравјето на работниците и преземање превентивни мерки за спречување на појава на професионални болести, болести во врска со работа и повреди при работа, посочуваат од Институтот, неопходна е примена на принципот на универзална покриеност со здравствени услуги за сите работници.
Од Институтот информираат дека се задолжени за реализација на овие активности согласно обврските од новата стратегија „Здравје за сите 2020“ и Акцискиот план за безбедност и здравје при работа 2020.
Ново на Сител
-

Тековно се спроведува гласањето на болните и немоќните, осудените лица и сместените во домот за стари лица во Куманово
-

Вучиќ ќе присуствува на помен и молитва во црква во Белград за жртвите во Нови Сад
-

Јужна Кореја вети дека ќе продолжи со обидите за зближување со Северна Кореја
-

ДИК: Гласањето на болни и затвореници се одвива непречено
-

Си ги повика економиите на Азиско-пацифичкиот регион заеднички да создадат одржлива иднина
-

Марта Кос: Трагедијата во Нови Сад ја менува Србија
-

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица
-

Вкупно 422 болни и изнемоштени лица и тројца затвореници денеска гласаат за градоначалник на Струга
