-->
-->
„Стрип во Штип“ - изложба на Александар Стеванов
-->

Во Универзитетската библиотека „Гоце Делчев“ во Штип вечер од 18 часот ќе биде отворена „Стрип во Штип“ - прва самостојна изложба на стрип-дела изработени по текстови на штипскиот сценарист Александар Стеванов, кој неодамна го доби признанието „Љупчо Филипов“ за развој и афирмација на стрипот во Македонија.
На изложбата ќе бидат претставени десетина стрипа, односно педесетина стрип-табли, од кои дел се и наградувани. Илустратори се уметниците Весна Ничевска, Дарко Богданов, Елиза де Соуза, Стефан Коцевски, Кирси Салонен, Јована Велинова, Анастасија Великанова, Мирко Бојаџијевски, Наташа Коњевиќ и Катерина Николовска-Тери.
Штипската публика ќе има можност да ја посети изложбата во наредните десетина дена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

САД и Македонија со договор за реципрочна, фер и балансирана трговија
-

Меџити: Чекорот на Беса ќе го следат и другите партии за ВРЕДИ да прерасне во еден политички субјект
-

Скопскиот градоначалник најавува стартување на повеќе проекти
-

Од почетокот на годината во струмичко радовишкиот регион откриени над 20 случаи на дрвокрадство
-

АДКОМ и РКЕ бараат поддршка од ЗЕЛС за обврзувачки тарифи за водните услуги
-

Преглед на вестите од светот
-

Состанок на раководството на БЕСА
-

Тема на денот со Димитар Богоески, директор на Државниот Архив
