Стратегијата за образование 2026-2032 достапна за предлози, Јаневска го повика граѓанскиот сектор да се вклучи во јавната дискусија

Стратегијата за образование 2026-2032 е поставена на националниот регистар на прописи ЕНЕР и најмалку 20 дена сите заинтересирани ќе имаат можност да даваат сугестии и предлози за документот што го дефинира правецот на образованието во наредните шест години.
Министерката Весна Јаневска денеска на панел-дискусија посветена на образованието, во рамки на форумот „Соработка на владата и граѓанското општество“ кој втора година го организираат Владата и „Цивика мобилитас“, информираше дека во процесот се вклучени повеќе институции и домашни и меѓународни организации, нагласувајќи дека најдобрата верзија која ќе ја надополни претходната стратегија, ќе се насочи кон нерешените предизвици, но и кон следење на новите глобални трендови и стандарди.
-Нема успешни национални политики, без вклучување на граѓанскиот сектор во нивното креирање. За актуелната Влада тоа е несомнено и затоа е основен принцип на работа. Придонесот на граѓански организации е исклучително важен во досегашното унапредување на законската регулатива, во дефинирањето системски мерки, проекти и активности, во подигнувањето на свеста за одредени теми и прашања како мултикултирализмот, толеранцијата, почитување на различностите итн. Релацијата ќе ја развиваме, бидејќи граѓанскиот сектор прв воочува предизвици и аномалии, затоа и секогаш има најмногу и најиздржани предлози кои можат да се интегрираат во политиките на Министерството, рече Јаневска.
За време на средбата со претставници на граѓанските организации, министерката одговори на повеќе прашања поврзани со тековни состојби во образованието. Меѓу другото, таа соопшти дека до крајот на годинава на јавна расправа ќе биде ставен новиот Закон за високо образование.
-Претходната Влада донесе законско решение, многу полошо од она што постоеше дотогаш. Скратија многу студентски права, олеснија проодност на наставен и научен кадар, но со тоа го опаднаа квалитетот на високото образование. Ние сега користиме вистински инклузивен пристап – формиравме национално координативно тело за реформи и преку тоа се изработува новиот закон за високо, но и за научно-истражувачка дејност. Професорите и студентите ќе кажат што е добро, а што не е. Потоа ќе следува јавна дискусија преку ЕНЕР и во Собрание, за да бидеме сигурни дека има консензус меѓу сите страни, рече министерката.
Оценувајќи го степенот на инклузивност на националниот образовен систем, Јаневска посочи дека во овој сегмент има значителен напредок во изминатите 18 месеци во кои, како што рече, биле ангажирани рекорден број образовни асистенти во основното и првпат во средното образование. Основани се и државни средни училишта со ресурсни центри кои им помагаат на училиштата каде што се запишани ученици со посебни образовни потреби. Министерката на панелот најави дека ресурсните центри ќе бидат комплетно реновирани, по приемрот на проектот за реконструкција на студентските домови.
МИА
Ново на Сител
-

Приведени криумчари од Египет и Сирија, пронајдени десет мигранти од Кина
-

Еден војник загина и еден е сериозно повреден од експлозија на рачна граната за време на обука на грчкиот остров Родос
-

Мицкоски за предвремени избори: Шансите се многу мали, но никогаш не вели никогаш
-

Ученици од ООУ „Димо Хаџи Димов“ се пожалиле на стомачни болки, АХВ врши вонреден надзор во кујната
-

Приведен 43-годишен битолчанец, возел со 151 километар на час на место каде е дозволено 80
-

9 Колумбијки уапсени во гостиварско поради злоупотреба на туристичкиот престој
-

Гвардиола: Сити создаде повеќе шанси од Баер, но попусто
-

Малолетничкa киднапиpана од својoт поранешен дечко
