СТРАШНО: На Тамара усните три пати и се зголемиле - трпи страшни болки откако ќе излезе на сонце
Поради васкуларна малформација на нејзините усни, тие секогаш се полни со крви и потекуваат. Освен што нејзиното лице е поради тоа изобличено, Тамара цело време трпи големи болки и проморана е да јаде исклучително течна храна, пишува Мирор.
Тамара Бенет тврди дека нејзините усни би можеле да пораснат толку дури и да ја убијат. Цел живот го поминала пробувајќи со шминка да ја замаскира својата состојба, но сега одлучила да не го прави веќе тоа, како би ја подигнала свеста кај луѓето, за оваа опасна состојба.
„Усните ми крварат со саати и добивам пликови на нив чим излезам на сонце. Можат да потечат дури и кога спијам со лице на јастукот. Не сум во состојба да јадам нормална храна и затоа секогаш со мене морам да носам цевче и да јадам течна храна“, објаснува Тамара.
Досега имала 3 операции на кои лекари и го тргнале вишокот ткиво, но на устата и остана голема лузна.
„Имав големи проблеми во младоста затоа што децата секогаш ме задеваа. Прави пријатели почнав да добивам дури кога наполнив 16 години и благодарна сум што се и понатака со мене. Сепак, успеав да ги пребродам сите проблеми благодарејќи на семејството кое ми пружа голема поддршка“, раскажува Тамара
Ново на Сител
-
Благодарност од претседателката Сиљановска-Давкова до државите кои помогнаа по трагедијата во Кочани
-
Мостот на Вардар кај Башино Село повторно пуштен за сообраќај
-
Мицкоски и Филипче утре на средба во Владата
-
Пронајдена дрога на работното место кај полицаец од Охрид
-
Сиљановска-Давкова: Секое дете може да дојде до израз ако му се даде шанса
-
Почна нов циклус на обуки на АХВ за едукација на потрошувачите
-
Одбележан Денот на Првата пешадиска бригада
-
СДСМ: Mицкоски да не се кити со туѓи перја