Страшна сообраќајна несреќа на регионалниот пат Скопје-Тетово

Вчера околу 21:30 часот во село Групчин тетовско, поточно на крстосницата од регионалниот пат Скопје-Тетово со локалниот пат за село Чифлик, случена е сообраќајна незгода помеѓу автомобил „Форд Фиеста“ со тетовски регистарски ознаки управувано од К.С. (30) од село Копачиндол, и Товарно моторно возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Р. (42) од село Добарце.
Во незгодата сопатникот од автомобилот „Форд Фиеста“ К.К. се здобила со тешка телесна повреда (фрактура на десна подколеница) и истата била пренесена во Клиничката болница во Тетово и по укажаната лекарска помош била пуштена на домашно лекување.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи во Тетово. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

ДУИ: На конгрес промени во раководството
-

Ден на Уставот
-

Ревитализација на шумскиот фонд поради пожарите
-

Ден на предвремено родени бебиња
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Преглед на вестите од светот
-

Градските инспектори во три смени ќе “ловат“ кој фрла отпад по 22 часот
