Македонија
18. November 2025 - 9:55

Опожарен камион на „Чистота и Зеленило“ на депонијата Краста во Куманово

Камион на кумановското јавно претпријатие „Чистота и зеленило“ бил опожарен синоќа додека депонирал смет на депонијата „Краста“, соопштија денеска од претпријатието.

– Камионот бил опожарен додека депонирал смет, вработените се обиделе да го изгасат и со апарати, но безуспешно. Морале да повикаат противпожарна единица. Не се знае причината за опожарувањето, претпоставуваме дека е инсталација, изјави директорот на комуналното претпријатие, Ненад Стојановски.

Една екипа на противпожарната единица со тројца пожарникари го гаселе во периодот од во 22.10 до 23. 40 часот. 

 

МИА