-->
-->
Страшна сообраќајка во Битола - две лица тешко повредени
-->

Страшна сообраќајна несреќа во Битола, повредени две лица. Како што информираат од МВР, вчера на крстосницата од патот село Лисолај-Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Шевролет спарк“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.С(25) од село Белче, демирхисарско и патничко возило „Опел корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.М(32)од Битола. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот во патничкото возило „Опел корса“ и бил пренесен во Клиничка болница Битола. Возачот на патничкото возило Шевролет спарк“ и сопатникот од другото возило се здобиле со телесни повреди. Извршен бил увид на местото.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Лазаров: Успеавме да составиме тим на играчи кои се борат еден за друг
-

Кливленд ја доби мајсторката со Детроит
-

МЗТ Скопје Аеродром поведе во финалето против Маџари
-

Протести во Чешка во знак на поддршка на независноста на јавниот сервис
-

Бројот егзекуции во светот во 2025 достигнал рекордно ниво за последните 44 години
-

Сиљановска-Давкова во официјална посета на Словенија, денеска ќе има средба со претседателката Пирц Мусар
-

Дел од општина Центар денеска без вода
-

Променливо облачно со сончеви периоди
