МЗТ Скопје Аеродром поведе во финалето против Маџари

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром поведоа со 1:0 во победи во финалната серија од плејофот, откако синоќа на домашен терен го совладаа Маџари со 84:77.
Дебитантот во најсилната македонска кошаркарска лига одигра добро во првото полувреме во кое најчесто го имаше водството. Маџари имаше највисоки, плус девет (33:24), по што аеродромци направија серија од (17:3) со која целосно го свртеа резултатот (45:40) на полувремето.
Во текот на третата четвртина, гостите се вратија на негатива од само два поени, (54:56). Но до истекот на тој дел од финалето, МЗТ одново „побегна“, сега на (69:61).
По тројката на МекКејден, на почетокот на последниот дел, аеродромци дојдоа и до двоцифрена предност (72:51) која умешно ја задржаа до крајот.
Маслинко со 17 поени и три скока беше најпрецизен кај „металците“. Танасковиќ дополни со 15 поени и седум скока додека МекКејден и Дамјан Стојановски постигнаа 14, односно 12 поени.
Во гостинската екипа најдобар беше Луис, кој заврши со 27 поени (плус осум скока и три асистенции), додека Армстронг го следеше со 19 поени на кои додаде по осум скока и исто толку успешни додавања.
Вториот финален дуел од серијата се игра во среда (од 18 часот), повторно во СЦ „Јане Сандански“, а шампион ќе биде онаа екипа која прва ќе реализира три победи.
МИА
Ново на Сител
-

Зеленски: Рускиот ноќен напад врз Днепар траеше повеќе од шест часа
-

Брат ја пронашол почината својата сестра во стан во Аеродром
-

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година
-

Сали: Правосудниот испит и сите испити поврзани со него во иднина ќе се полагаат и на албански јазик
-

Владата: Институциите активно работат на изнаоѓање решенија што ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците
-

Сиљановска-Давкова: ЕУ останува наш приоритет, не бараме привилегии, туку доследна примена на европското право
-

Поскапи горива од полноќ
-

Даночно затајување од 7,4 милиони денари, кривична за двајца управители
