Страшна сообраќајка: Камион излета од пат кај кумановското село Облавце
Камион влекач марка „Волво“ вчера околу 8:30 часот излетал од патот кај село Облавце и паднал во провалија, информира денеска РЦУК - Куманово, а случајот го потврди и кумановската полиција.
Според првичните информации, камионот најверојатно изгубил контрола поради влажниот коловоз и неприлагодената брзина. Возачот на камионот В.К. се здобил со телесни повреди, потврија од СВР Куманово.
Како што појаснија, камионот-влекач се уште се наоѓа во провалијата, бидејќи станува збор за непристапен терен и потребна е соодветна механизација за да се подигне.
Во камионот, сопственост на кумановска компанија, се превезувал текстил. Вчера, екипа од СВР Куманово и мобилна екипа од Царината биле на местото на сообраќајката од каде текстилот бил претоварен и пренесен во Царинскиот терминал во Куманово.
Сообракајот, соопштија од СВР Куманово, се одвива редовно.
Ново на Сител
-
Во Рио де Жанеиро се одржува 17 Самит на БРИКС
-
ЦУК: Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат
-
Никола Станишиќ им се поклони на жртвите во Кочани и победи во „Ѕвездите на Гранд“
-
Многу топло и денеска, владините препораки за заштита ќе траат до вторник, пад на температурите од среда
-
ЦУК: Од вкупно 22 пожари на отворен простор се уште активни се пет
-
Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија
-
Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути
-
Тошковски: Постапуваме за дивоградбите, имаме наредба од ЈО, резултати наскоро ќе бидат видливи