-->
-->
Страшна исповед: Ме силуваа 460 дена, а потоа доживеав...
-->

Аманда Линдаут е канадска новинарка која поминала 15 месеци во заробеништво во Сомалија.
Тортурата која ја трпела е тешко да се замисли, а тоа што е најшокантно во целата приказна е нејзината изјава дека се им простила на своите киднапери и дека со нив е во контакт преку Фејсбук. Своите искуства ги преточи во книга која ги опишува случувањата во 2008 година, кога оваа новинарка заедно со аврстралиски фотограф, киднапирана во близина на Могадиш, главниот град на оваа афричка земја. Во заробеништво живеела 460 дена.
„Абдулах ме силуваше, трпев страшни болки, пробував да се одбранам и тогаш доживеав нешто неверојатно. Беше тоа вонтелесно искуство. Се видов себе од горе“, вели Аманда.
Новинарката наведува дека тоа бил момент кога доживеала просветлување и сфатила дека единствена работа што тој знае е насилство.
„Моите киднапери се производ на војната и нив војната ги обликувала. Тоа сознание ми помогна да издржам. Сфатив дека и тие со човечки битија со сопствени трауми и потресни приказни. Тоа никако не значи дека се невини, но факт е производ од култура на насилство“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Скопје одбележува 116 години од раѓањето на Мајка Тереза, положено цвеќе пред спомен плочата
-

Трајановски: Почна изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Бројот на жртвите од земјотреси во Венецуела надмина 6.500 луѓе
-

За Богородица обезбеден дополнителен превоз за сите верници и посетители до Манастирот во Матка
-

Во САД регистрирани првите овогодишни смртни случаи од морбили, епидемијата се шири
-

Утре и на 31 август ќе се прска против комарци во пет општини од Југоисточниот плански регион
-

Во Кривичен продолжува судењето за случајот „Онкологија“
-

Администрацијата на Трамп привремено ги суспендираше термините за визи ширум светот
