Страшен верижен судар во Словенија: Над 70 возила, 5 жртви
Најмалку пет лица загинаа, а 30 се повредени во верижен судар кој се случи на автопат во западна Словенија, соопшти полицијата.
Според полицијата вчера околу 70 возила, меѓу кои и автобус и неколку камиони учествувале во сударот на околу 70 километри југозападно од Љубљана.
Се верува дека причина за несреќата е густа магла, која и натаму е присутна, ги згрозува спасувачките операции. Несречата се случила на главниот автопат кој ја поврзува Љубљана со јадранскиот брег.
Неколку словенечки медиуми наведоа дека 5 луѓе загинале, а десетици се повредени во верижен судар близу излезот Сеножече, на околу 40 километри североисточно од Копар.
Од болнички извори се дознава дека 7 повредени се згрижени во болницата во Љубљана, а се очекуваат повеќе.
На фотографиите што се објавија на социјалните мрежи може да се видат десетици смачкани автомобили, од кои неколку завршиле под камион.
Патот е затворен за сообраќај додека итната помош, пожарникарите и полицијата се обидуваат да им помогнат на сите вклучени во несреќата.
Оваа сообраќајка важи за една од најголемите во историјата на Словенија според бројот на возилата кои учествувале.