Страшен судар на возови во Пекинг: Повеќе од 500 луѓе повредени, дури 102 со скршеници
Повеќе од 100 луѓе се повредени, а повеќе од 500 се пренесени во болница откако два воза се судрија во Пекинг, објавија кинеските државни медиуми.
Како што јавуваат медиумите, инцидентот се случил вчера околу 19 часот по локално време, кога возовите се судриле при обилни снежни врнежи, додека се движеле надолу по линијата на метрото Чангпинг.
Наутро од болница се отпуштени 423 лица. Иако ваквите несреќи не се вообичаени во транспортната мрежа на кинеската престолнина, снежното невреме довело до лизгави патишта.
Причината за несреќата е откриена
Била предизвикана„деградација на сигналот“ при што сопрел првиот воз, објави Чајна дејли, цитирајќи ги транспортните власти во Пекинг. Следниот воз не успеал да закочи на време додека се спуштал по заледените шини, поради што удрил во задниот дел на првиот воз.
Ударот предизвикал откачување на последните два вагони на еден од возовите. Не е јасно кој воз бил одвоен.
Сликите и видеата објавени на интернет покажуваат патници во вагони, оставени во темнина поради прекини на струја. Неколкумина биле видени како користат чекани за итни случаи за да ги скршат прозорците за да добијат свеж воздух.
На видеото објавено на кинеската социјална мрежа Веибо, може да се види жена која се чини дека се онесвестила како лежи на неколку седишта во возот. Шеесет и седум лица остануваат во болница на лекување, додека 25 се „под набљудување“, се вели во извештаите. Нема мртви.
Ново на Сител
-
Судење за екс директорот на затворот во Шутка, Филип Андов
-
Му пишале казна бидејќи фрлил ѓубре до контејнер, а контејнерот бил преполн со смет
-
Влада: Успешно завршени три од осум арбитражни постапки
-
Синдикалната кошница во август 65.500 денари, најмногу поскапела храната
-
Влада: ДУИ кога е на власт работи на еден начин, а во опозиција бара нешто друго за она што го направиле во минатото
-
Само 1.916 пријавени службени возила од 6.500 - институциите не ги пријавиле сите во рокот
-
Русија ги намали очекувањата за скорешна средба Путин - Зеленски
-
Прв уписен рок на УГД – Штип за академската 2025/2026