-->
-->
Страшен бродолом во Аргентина: Едно лице загина, а деветмина се водат како исчезнати
-->
Рибарски брод потона во Атлантскиот Океан на 80 километри од аргентинскиот град Росон во јужниот дел на земјата. Едно лице загина, а деветмина се водат како исчезнати без трага, соопшти локалната крајбрежна стража.
Спасени се двајца членови на екипажот. Едниот бил изваден од водата и качен на брод, додека другиот бил забележан од спасители кои пристигнале со хеликоптер.
Според податоците на крајбрежната стража рибарскиот брод потонал поради неповолни временски услови, но причините се уште се прецизираат.
Спасувачката операција е отежната поради лошите временски услови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Спасени 28 давеници во Охридското Езеро
-
Државата започна со откуп на пченица за стоковите резерви
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинението за пожарот во „Пулс“ чека оценка од судот
-
Трамп го прими Зеленски во Белата куќа
-
Тема на денот со ново избраниот декан на ФИНКИ, Петре Ламески
-
Партиски обвинувања за Еразмус+
-
Предизборни превирања во ДУИ и ВРЕДИ