Страотна сообраќајка на мостот на Вардар во село Стримница, тројца повредени

Вчера вечер во 20,40 часот било пријавено дека на локалниот пат во с.Стримница на мостот на река Вардар се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Ровер“ со тетовски регистерски таблици управувано од Б.Х.(19) од с.Стримница и патничко моторно возило “Ауди“ со тетовски регистерски таблици управувано од З.Д.(58) од с.Стримница.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот З.Д. а додека со телесни повреди се здобиле сопатниците од истото возило Р.Д.(47) и М.К.(47) кој со друго возило биле пренесени во Клиничката болница Тетово.
З.Д. по укажаната лекарска помош бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Дваесетина пожари во земјава, пожарот на Китка се уште гори
-

Има сериозни индиции дека најголем број од пожарите се подметнати
-

Лани двајца со западно-нилска треска, годинава досега 50 потврдени и 5 починати
-

Кога “договорците” во здравството ќе добијат решенија за работа?
-

Почна втората фаза на изгрaдбата на автопатот Скопје – Блаце
-

Реакции за изградбата на дата центри во Македонија
-

Министерот Сали позитивно гледа на изјавата на еврокомесарката Кос за проширувањето
