Македонија
27. May 2016 - 14:56

Страотна несреќа: Малолетник од Прилеп итно донесен на Детска хирургија

Уште една несреќа ја потресе Македонија. Во 21 часот во селото Кривогаштани, прилепско, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 45-годишниот Ц.Ѓ. и моторцикл „Хамачи“ без регистарска ознака, управуван од 19-годишниот В.К.

Во незгодата со тешка телесна повреда се здобил четиринаесетгодишник кој се возел на моторциклот. Тој по укажаната лекарска помош во Општата болница-Прилеп, е префрлен во Детска хирургија-Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од полицијата.