Страотна несреќа: Барал музика на мобилниот, згмечи мајка со три деца
На интернет се појави страшна снимка на која се гледа како камион се зачука во автомобил при што на самото место загинала мајка со трите деца, а сообраќајката се случила поради тоа што возачот барал музика на мобилниот телефон.
Томаш Крокер (30) возејќи со голема брзина удр во автомобилот во кој се возела Трејси Хоугон на автобатот А 34 во Англија. Во автомобилот со неа биле нејзините синови Итан (13), Џош (11) и пасторката Ејми (11).
Крокер возел околу 80 километри на час не забележувајќи дека дошло до застој во сообраќајот зошто на мобилниот барал музика.
Но камерата од камионот ја покажа целата силина на ударот од кој настрада целото семејство.
Возачот на камионот е осуден на казна затвор од 10 години, но семејството на загинатите не е задоволно од пресудата.
-Ова не е вистинска казна за злосторството што го направи. Користењето на мобилен телефон додека возел камион го претвори возилото во смртоносно оржје и мора да одговара како што доликува, велат од семејството.
Ново на Сител
-
Продолжен притвор
-
Три дискотеки се затворени оти не исполнуваат услови, иако имаат лиценци
-
178 пациенти на лекување во болниците
-
101 повреден во кочанската дискотека на лекување во странство
-
Разговор со д-р Шапира Шахар, шеф на израелскиот медицински тим
-
Професор Давиктовски: Истрагата за трагедијата во Кочани дава надеж дека ќе се откријат вистинските виновници
-
Преглед на вестите од светот
-
Докторите се борат за сите пациенти