Странските компании ангажираа 400 лица за фабриките кои треба да се градат
Околу 400 работници веќе се ангажирани во компаниите кои допрва ќе почнат со работа. Прмеиерот Груевски вчера најави дека во текот на јули и август ќе поче производството во две, а изгрдабата на четири нови фабрики.
Со работа почнуваат Техникл текстајл во Штип и Дијатек во Скопје. А со градба ОДВ во Охрид, КСС во Кичево, Гентерм во Прилеп и Кондево во Штип.
ОДВ и КСС веќе имаат ангажирано работници во браунфилд објектите во кои веќе почнаа со производство, а Гентерм ангажираше работници кои се на обука.
-До Нова година бројката на вработувања во овие шест компании ќе стигне до 1000 лица. Тоа е добро за регионалниот економски развој затоа што овие луѓе ќе добиваат плата со што ќе придонесуваат за развој на локалниот бизнис, вели владиниот портпарол, Александар Жоржиев.
Гентерм во наредниот период ќе стигне до 2000 вработувања, Техникл Текстајл, ОДВ и КСС ќе вработат по 1000 работници, а Дијатек и Кондево по над 200 лица.
-Се на се, во овие шест фабрики, двете кои почнуваат со производство и четирите кои ќе почнат со градба, ќе работат над 5000 работници, изјави вчера премиерот Груевски.
На есен ќе почнат со активности и компаниите кои неодамна објавија вложувања во земјава.Вкупно годинава треба да се реализираат дваесетина нови инветсиции во Македонија.
-
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар