Странски разузнавачки служби ангажирани за безбедноста на Вучиќ за време на посетата на Косово

Оперативна група на британската разузнавачка служба МИ6 завчера од Македонија е префрлена на Косово и тоа поради најавената посета на српскиот претседател Александар Вучиќ.
Тоа го тврди српскиот весник „Новости“ повикувајќи се на извори од разузнавачките служби. Според весникот, посетата на Вучиќ е високоризична и за неа, политички и безбедносно, се заинтересирани разни структури не само од Балканот, туку и од светски центри на моќ.
Посебно се ангажирани британските разузнавачки служби чии оперативци веќе подолго време имаат засилени активности на овие простори, тврди весникот.
Според нивни информации, за дводневната посета на Вучиќ на Косово ангажирани се сите српски служби за безбедност. Трасите по кои ќе се движи Вучиќ и сите места за посета ги обезбедува КФОР и косовските полициски сили. За целото време на посетата постојано ќе бидат ангажирани и два хеликоптери на КФОР.
Ново на Сител
-

Вознесение Христово - Спасовден
-

Брисел и Лондон го осудија односот на израелските власти кон приведените активисти за хуманитарна помош за Газа
-

Васоски: Заслужена победа, постигнавме гол во вистинско време
-

Мерц предлага „придружено членство“ за Украина во ЕУ
-

Без вода дел од жителите на Центар
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Кратово слави, го освои Купот на Македонија!
-

Николоски: За непречено движење во земјите од Шенген зоната, транспортерите ќе можат да извадат виза во Хрватската амбасада и нивните ДКП
