Странски џихадисти им помагаат на локалните бунтовници на Филипините да воспостават калифат на ИД
Странските џихадисти од земји во Југоисточна Азија се борат на страната на локалните буинтовници во Филипините за да воспостават калифат на Исламска држава во земјата, јави ДПА.
Некои од странските терористи биле убиени во воената офанзива против џихдистите, кои го ставија под опсада градот Марави, на 800 километри јужно од главниот град Манила, посочи генерало-полковникот Пеституто Падилја.
- Има одреден број странски лица, кои се наоѓаат на Филипините веќе подолго време и им помагаат на локалните теророристи, изјави генералот Падилја, кој прецизира дека најмалку шестмина од убиените се Малезијци или Индонезијци.
Борци од Сингапур се исто така странски џихадисти, кои се борат заедно со локалните терористи од групацијата „Мауте“ во Марави, изјави друг генерал, Хосе Калида.
Ново на Сител
-
Вонреден состанок на управувачкиот комитет за кризи поради пожарот во Трубарево
-
Тема на денот со доктор Злате Мехмедовиќ
-
Голем пожар во Трубарево
-
Граѓани на “Водно” бараат спас од загадувањето од депониите
-
На полноќ истекува рокот во ДИК за поднесување кандидатски листи
-
Владата планира целосно автопатско решение на Прилеп со изградба на автопат од Прилеп до Фариш преку Плетвар
-
Македонската текстилна индустрија во „Слободен пад“
-
Забрзано исчезнуваат големи количини вода од Преспанското езеро