-->
-->
Странец разменил фалсификувани 60.000 евра во Македонија
-->

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „измама“ и „фалсификување пари“, Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 69-годишниот А.Р. од Грузија.
Пријавениот, казнените дела ги сторил на седми ноември минатата година во една менувачница на улицата „Маршал Тито“ во Струга. Тој, на вработениот во менувачницата му побарал да размени пари во вкупен износ од 60.000 евра. При размената на парите, пријавениот искористил прилика и на вработениот му вратил, во плик, фалсификувани евра (во износ од по 500 евра) а потоа си заминал.
Во моментот на размената на пликоата со пари, вработениот не ја забележал измамата но по извесно време тој ги проверил парите и притоа утврдил дека се фалсификат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Изборниот законик влезе во собраниска процедура, СДСМ подготвува 10.000 амандмани
-

Ресорите поделени, имињата ќе се објавуват утре по ИК на ВМРО-ДПМНЕ
-

Измените на изборниот законик пред пратениците
-

Муцунски - Будрис: Продлабочување на соработката и подршка за европска интеграција
-

30 дена притвор за осомничениот за убиството на жената од село Таор
-

Материјални докази на судењето за деветтемина полицајци за Пулс
-

Нови цени на горивата од полноќ
-

По викенд нападите, САД и Иран утре на преговори
