Стотици во Ерусалим на протести против Нетанјаху
Стотици Израелци протестираа синоќа против премиерот Бенјамин Нетанјаху пред неговата резиденција на Ерусалим, бидејќи израелскиот премиер се соочува со обвиненија за корупција.
Демонстрациите беа поттикнати од апсење на седум демонстранти кои вчера одржаа мал митинг против продолжување на мандатот на Нетанјаху за премиер, иако тој е обвинет пред суд.
Демонстрантите држеа транспаренти во кои го опишуваа Нетанјаху како „премиер на злосторството“. Меѓу седумтемина приведени беше и поранешниот највисок израелски генерал од воздухопловството.
Израелската полиција соопшти денеска дека протестот претходниот ден е „нелегален“ затоа што демонстрантите блокираа патишта.
Тројца демонстранти, меѓу кои и пензионираниот бригаден генерал Амир Хаскал, останаа во притвор, јавија израелски медиуми.
Ново на Сител
-
Папа Франциск: Лицемерните земји кои зборуваат за мир, а произведуваат оружје се виновни за војните
-
Титаниум – нов инстант лоз со возила на Државна лотарија
-
Почина владиката Тимотеј
-
Салах разочаран од Ливерпул
-
Опожарен деловен простор на Адвокатската комора
-
Аморим: Манчестер jунајтед уште долго ќе страда
-
Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано
-
Европскиот совет даде „зелено светло“ на буџет на ЕУ за 2025 година