Македонија
4. November 2017 - 11:35

Сторителот се уште во бегство, Јанушев (28) починал во Градска болница

Вчера околу 17.40 часот на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје непознато машко лице, со огнено оружје пукало во М.Ј.(28), по што истиот е пренесен во Градската општа болница “Наум Охридски“. Во 18.45 часот повредениот М.Ј. починал, соопшти денеска МВР. 

Увид на местото на настанот извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје, а по наредба на јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.