Кривична за две лица од Кичево за „бесправно градење“ и „симнување и оштетување на службен печат или знак“
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.С.(32) од Кичево и против правно лице од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „симнување и оштетување на службен печат или знак“.
При контрола извршена на 06.02.2025 на градежна површина со објект во изградба на улица „Тане Цалески“ во Кичево, градежен инспектор при општина Кичево констатирал дека пријавената А.С. и правниот субјект, како инвеститори, спротивно на Законот за градење и претходно дадените одобренија за градење, извршиле противправна доградба на три ката од градбите и над дозволената висина, по што градежниот инспектор го затворил градилиштето.
При повторна контрола, извршена на 07.02.2025, било констатирано дека поставениот службен знак и службените ленти било отстранети, а на 11.02.2025, при повторна контрола на затвореното градилиште, биле затекнати работници кои вршеле градежни работи.
Ново на Сител
-
Кривична за две лица од Кичево за „бесправно градење“ и „симнување и оштетување на службен печат или знак“
-
ЈП „Водовод“ Куманово пријави вработена за проневера на пари
-
Мачките благотворни за човековото здравје
-
Милорад Додик осуден на една година затвор
-
ДКСК: 86 казни за актуелни и поранешни министри, пратеници и именувани лица
-
Филипче: Владата да каже за што се потрошени парите од унгарскиот кредит
-
Делегација од Кисела Вода предводена од градоначалникот Ѓорѓиевски положи цвеќе на гробот на Борис Трајковски
-
Мицкоски: Точно се определени начините како можат да се трошат средствата обезбедени преку кредитната линија од Унгарија