Стопанска комора: Капитални инвестиции наместо нови административни вработувања
Стопанска комора на Северна преку Регионалната комора Прилеп е информирана дека е подготвена Одлука во општината, за финансирање на нови 33 административни вработувања за идната 2024 година, согласно проекциите на буџетската градска каса за следната година. Ваквото функционирање со кое наместо средства за капитални инвестиции се планираат непродуктивни трошења не е во согласност со ставовите и заложбите на бизнис заедницата кои во континуитет се испраќаат, дека час поскоро е потребно средување на состојбите во јавната администрација и конечно да се стави приоритет на бизнисот врз политиката во наредниот период. Бизнис секторот од Прилеп укажува дека со ваквите одлуки кои се во најава од пазарот на труд се намалуваат 33 потенцијални вработени во приватниот сектор кој се соочува со сериозен недостиг на кадар и би продолжила доминацијата статус ков позицијата на сметка на развојната компонента.
Регионалната комора изразува благодарност што градоначалникот на општина Прилеп од својата позиција како татко на градот континуирано учествува на расправите и активностите организирани од страна на бизнис секторот во градот, но истовремени укажуваме дека на вакви дејствија спротивни на бизнисот ќе реагираме. Ако ова остане пример за сите општини во предизборието, тогаш навистина ќе потврдиме дека развојната компонента ќе причека за уште најмалку една година.
РК Прилеп укажува и дека тешко оди издавањето на градежни дозволи во општината што е основен услов да бидат стопирани секакви инвестициони активности. Има безброј примери на погрешни одлуки на општината во Прилеп кои доведоа до ваквата состојба и се прашуваме дали тоа не е основа од регион на најдобар регион и најплодна земја да се доведеме до најзагадена животна средина.
Оттука, барањето Регионалната комора е оваа Одлука веднаш да се измени и планирањето на трошоците на буџетската каса за 2024 година да се врши во заедничко содејство со Регионалната комора од Прилеп.
Ирена Јакимовска, претседател на РК Прилеп при Стопанската комора
Служба за информирање
Стопанска комора на Северна Македонија
Ново на Сител
-
Мирен марш за поддршка на Епископот Партениј
-
МПЦ-ОА одбележа 1700 години од првиот собор во Никеја
-
Бања од римски период откриена во приватен двор во струмичко Баница
-
Салите во ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп отворени и оспособени за одржување на настани, актерите бараат нов театар
-
Кинеските инфраструктури и нивното влијание
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден пилот и ниту еден ер трактор - како ќе се гаснат летово пожарите?
-
Тема на денот со Арбен Таравари