Столтенберг: Сосема бесмислено е НАТО и ЕУ да бидат ривали
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, по повод расправата за формирање „европска војска“, денеска предупреди дека европската одбрана не смее да се зајакнува на штета на Северноатлантскиот сојуз.
– Задоволни сме поради зголемените напори на Европската унија на полето на одбраната. Добра работа е ако европските сојузници имаат поголеми капацитети, ако подобро соработуваат. Она со што не сме задоволни е што Европа почнува да воспоставува двојни структури, истакна Столтенберг на форумот „НАТО-Индустрија“ во Берлин.
Тој оцени дека на НАТО и ЕУ „всушност им е потребен еден, силен и стручен, команден систем.
– Не можеме да ги делиме ресурсите на половина. За земја како што е Германија би било целосно бесмислено да дозволи НАТО и ЕУ да бидат противници, бидејќи Германија, како и поголемиот број други членки на НАТО, воедно се и членки на ЕУ, порача Столтенберг.
Францускиот претседател Емануел Макрон на 6 ноември покрена расправа, предлагајќи и Европа да „изгради сопствена војска“, што го налути претседателот на САД, Доналд Трамп.
Во пресрет на доаѓањето во Франција по повод одбележувањето на стогодишнината од завршувањето на Првата светска војна, Трамп го оцени предлогот на Макрон како „навредлив“.
Макрон се обиде да го увери Трамп дека предлогот не бил насочен против Вашингтон.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг