Столтенберг: Самитот на НАТО во Варшава ќе биде момент на пресврт

Одлуки на пресврт ќе бидат донесени на самитот на НАТО на 8-9 јули во Варшава, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг во синоќешното интервју за Полското радио, пренесе ТАСС.
- Самитот во јули ќе биде пресврт, рече тој. „НАТО ќе прифати клучни одлуки за тоа како да се прилагодат на новата ситуација во областа на безбедноста“.
- Треба да го зајакнеме присуството на НАТО во Источна Европа, тоа ќе биде мултинационална присуство. На овој начин ќе дадеме јасен сигнал дека напад врз една земја е напад врз целата организација НАТО, истакна генералниот секретар.
- Некои од сојузниците - САД, Велика Британија и Германија, веќе соопштија дека ќе бидат во првите редови на оние кои ќе ги зајакнат овие сили, посочи Столтенберг, без да соопштува никакви детали, заради тоа што, како што рече, процесот на усогласување со воените и експертите се уште не е завршен.
Во одговор на прашање за плановите во источното крило да бидат распоредени четири баталјони, вклучувајќи еден во Полска, Столтенберг изјави дека „експертите препорачуваат на исток да биде испратен баталјон, кој ќе биде составен од војници од различни земји.
- Размислуваме за тоа, изјави Столтенберг. - Деталите ќе бидат познати за неколку недели. Ова е само еден од елементите на планот, кои Алијансата ги разгледува, истакна генералниот секретар и потсети дека САД планираат да распоредат оружје и војници на источниот крило.
Ново на Сител
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
