Столтенберг: Ова е најсериозната ескалација од почетокот на војната
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека нема да престане воената поддршка за Украина, но не одговори за брз прием на земјата во Алијансата како што побара Зеленски, јави дописничката на МИА од Брисел.
Шефот на Северноатлантската алијанса се обрати на прес конференција попладнево по говорите на рускиот и украинскиот претседател денеска, како и официјалниот чин на припојување на четирите украински области кон Русија по референдумите. Јенс Столтенберг рече дека анексијата на Херсон, Запорижје, Доњецк и Луганск од страна на Русија е “најголемиот обид за насилна анексија на територија во Европа од втора светска војна“.
Со ова и со делумната воена мобилизација, како и нуклеарните закани на рускиот претседател Путин, постигната е “најголемата ескалација од почетокот на воената агресија на Русија врз Украина“, на 24 февруари оваа година. НАТО и земјите членки ќе продолжат да ја поддржуваат Украина, вклучително и во враќањето на анектираните територии, рече Столтенберг.
-Украина има право да ги врати украинските територии окупирани од руските сили, да се бранат и да ги ослободат териториите, и обидот за нелегална анексија не ја менува природата на конфликтот, изјави Столтенберг. И додаде дека ако се прифати анексијата од страна на Русија и нуклеарните закани, “тогаш прифаќаме нуклеарна уцена, дека со закана за употреба на нуклеарно оружје авторитарни сили можат да постигнат тоа што сакаат“, изјави шефот на НАТО.
Тој рече дека само Путин има одговорност да ја прекине војната. Во однос на апликацијата за членство во НАТО, потпишана од украинскиот претседател Зеленски попладнево, Столтенберг повтори дека секоја земја во Европа има право да аплицира, но дека во моментов фокусот е да и се помогне на Украина. Првиот човек на Алијансата не одговори ниту за можноста за брзо приклучување кое го бара Зеленски, по примерот на Шведска.
Ново на Сител
-
Ангелов: Пожарот во Трубарево е изгаснат, но има силно чадење, ноќеска повторно гореше и во „Дрисла“
-
Тошковски: Нема радијациско зрачење од пожарот во Трубарево, а над 400 метри од центарот на жариштето не е измерена загаденост
-
Илјадници Американци му оддаваат почит на убиениот Чарли Кирк
-
Експлозив поставен пред хотел во Драч, полицијата изврши контролирана експлозија
-
Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност
-
Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд
-
Приведен управителот, управувачкиот комитет за кризи заседава во МВР
-
Орбан: Европа под водство на Фон дер Лајен оди кон провалија