Столтенберг: НАТО не сака војна со Русија, но да се подготвиме за можен повеќедецениски конфликт
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги повика Европејците да го зајакнат производството на оружје за да ги зголемат испораките за Украина и да ги надополнат сопствените резерви.
– Треба побрзо да ја обновиме и развиеме нашата индустриска база за да ги зголемиме испораките за Украина и да ги надополниме сопствените резерви, изјави Столтенберг во интервју за германскиот весник Велт ам Зонтаг, објавено денеска, а на помалку од една недела пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел на 15 и 16 февруари.
– Ова значи дека е неопходно да се премине од мирнодопското бавно производство на брзо производство во време на конфликт, изјави Столтенберг за германскиот весник.
Тој потенцира дека засега нема непосредна воена закана против сојузниците, но истовремено „Кремљ редовно им се заканува на земјите на НАТО“.
Во интервјуто, генералниот секретар потенцира дека НАТО не сака војна со Русија, но посочи дека Алијансата мора да се подготви за „конфликт кој може да трае со децении“.
Истакнувајќи дека руската инвазија на Украина пред речиси две години покажа дека „мирот во Европа не е нешто што се подразбира“, тој ја нагласи важноста од заштита на земјите од Алијансата.
– Се додека инвестираме во нашата безбедност и останеме обединети, ќе продолжиме да ја одвраќаме агресијата, потенцираше Столтенберг.
Ново на Сител
-
Анчелоти може да добие отказ ако Реал Мадрид не се пласира во осминафиналето од ЛШ
-
Поради магла намалена видливост до 100 метри во Кочани, Страцин, Битола и Плетвар
-
Нетанјаху: Израел нема да го спроведе примирјето во Газа додека не добие список од 33 заложници
-
Извршени претреси во Скопје, уапсени дилери на дрога и оружје
-
И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете - измамена 76-годишна скопјанка за 130 илјади денари
-
Полициски службеник земал 50 евра поткуп, пронајдени пари и документација
-
Уапсен Раде Трајковски-Штекли
-
Синер без проблеми до четвртото коло на Австралија Опен