Столтенберг: НАТО ќе има повеќе од 300.000 војници во висок степен на готовност
НАТО ќе има повеќе од 300.000 војници во висок степен на готовност, потпомогнати со значителни воздушни и поморски капацитети, за да ја бранат секоја педа од сојузничката територија од каква било закана, изјави вчера генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг по дводневниот состанок во Брисел на министрите за одбрана на земјите-членки.
Министрите, посочи тој, денеска ги разгледаа нашите нови регионални планови.
„За прв пат од крајот на Студената војна во целост ја поврзуваме нашата колективна одбрана, планирањето на нашите сили, нашите способности и команда и контрола“, рече Столтенберг.
Тој истакна дека министрите на состанокот разговарале за регионалните планови и дека се поблиску до нивно усогласување.
„Иако денеска не се официјално одобрени регионалните планови, очекуваме овие планови да бидат резултат на самитот во Вилнус во јули. Договорот за одбранбениот план не беше постигнат, бидејќи Турција ја блокираше одлуката за формулирање на географски локации, од кои некои се поврзани со Кипар, изјави висок американски официјален претставник, кој сакаше да остане анонимен, пренесува Би-Би-Си.
Дипломатот додаде дека се уште постои можност да се најде решение пред самитот на НАТО во средината на јули во Вилнус.
Ново на Сител
-

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
