Столтенберг и лично му се извинил на Ердоган за инцидентот на воената вежба во Норвешка

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг лично го информирал турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, дека биле преземени „дисциплински мерки“ против лицето, кое го претставило турскиот лидер како „непријател“ за време на воена вежба на Алијансата во Норвешка.
Во телефонски разговор со Ердоган, Столтенберг „го повторил своето извинување за инцидентот за време на воената вежба на НАТО“ пред неколку дена, соопшти претставник на Алијансата.
Столтенберг го информирал Ердоган, дека „биле преземени дисциплински мерки против одговорното лице и се преземени процедури, за да се избегне сличен инцидент во иднина“, додаде претставникот.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера го отфрли извинувањето од НАТО, отакако на воена вежба на Алијансата во Норвешка, тој и Мустафа Кемал Ататурк на мапа биле прикажани како непријатели.
Ердоган истакна дека такво омаловажувачко однесување не може да се прости толку лесно.
- Вие гледате омаловажувачко однесување за време на вчерашната воена вежба на НАТО. Има некои грешки кои ги прават не глупаци, туку само подли луѓе, изјави Ердоган во говор кој бил во живо емитуван на турските телевизии.
- Тоа прашање не може да се затвори само со просто извинување, рече турскиот претседател.
Турција ги повлече своите војници од воената вежба на НАТО во Норвешка поради инцидентот.
- Тоа беше вежба на НАТО и ние испративме 40 војници, кои решивме да ги повлечеме, рече по тој повод Ердоган, додавајќи дека нивните имиња биле отстранети од листата на непријатели, но, сепак, тие не сакаат да имаат војници во таа вежба.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг потоа и се извини на Турција за инцидентот. Според него, инцидентот во кој Ердоган и Ататурк биле идентификувани како непријатели е резултат на активностите на една личност и не ги одразуваат официјалните ставови на НАТО.
Ново на Сител
-

Роналдо инвестираше 10 милиони евра во создавање нов бренд за минерална вода
-

Лекорну за протестите: Франција нема да дозволи да биде заплашена преку насилство
-

Протестите во Париз, Лион и Стразбур ескалираа во судири со полицијата, уапсени 166 лица
-

Ѓорѓиевски: За моите сограѓани секогаш има време - и оваа сабота со отворени врати и искрен разговор
-

Утре сончево со умерена облачност
-

871 прекршок за електрични тротинети во септември, најчесто возење без кацига
-

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласале 85 болни и немоќни лица
-

На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
