Столар работи со 28 прсти и воопшто не му е лесно

Девендра Сутхар од Гуџарата во Индија е роден со 28 прсти и тоа му овозможи влегување во Гинисовата книга на рекорди.
Сутхар е столар и вели дека дополителните прсти не му ја олеснуваат работата, затоа што цело време мора дополнително да внимава да не ги исече.
Тој на секоја рака има по седум прсти, а исто е и со стапалата. Се работи за развојна аномалија на полидактилизам, која е многу ретка. Луѓето од цела Индија доаѓат со децата за да го видат, и вели дека вниманието му годи..
- Луѓето со мене се однесуваат како со ѕвезда. Доаѓаат да ме видат и поради тоа се чувствувам посебно, изјави столарот кој рече дека децата посебно ги развеселува кога изведува трикови со своите бројни прсти, пренесува „Дејли Мејл“.
- Изразите на лицата на луѓето кога ќе ги видат моите прсти се непроценливи. Заради нив станав славен и сметам дека ме направија среќен човек. Никогаш не ми падна на ум да ги исечам. Сепак, кога имаш 28 прсти, тоа има и свои негативни страни.
- Сите дополнителни прсти во некои ситуации претставуваат проблем. Столар сум и цело време работам со чекан и пили. Секогаш морам да бидат многу внимателен да не ги удрам или исечам, призна Индиецот.
Ново на Сител
-

Се проширува истрагата за ботоксите - уапсени двајца доктори
-

Уапсени двајца членови на Беланоца
-

Министерот за здравство во заминување очекува Законот за заштита од пушење цигари да се изгласа до август
-

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор
-

Македонија е пред дел од Европа според БДП по жител, покажува анализа на „Ворлд Атлас“
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
