Стојкоски: Гарантираме канализација за Орман и Никиштани и ставање во функција на економската зона во Ѓорче Петров
Најважно за мене и за мојот тим е тоа што оваа програма е производ на интензивен процес од неколку месеци на посета на секое едно населено место во Ѓорче Петров, запознавање со сите проблеми на Општината и со оние навидум најбанални и со оние најголеми и најзначајни проблеми кои го отежнуваат животот на Ѓорчепетровци, истакна кандидатот на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
Тој на денешната прес-конференција објави дел од клучните проекти кои се дел од неговата програма. – Во програмата се најдоа над 200 проекти кои се предложени од граѓаните и од врвни експерти во областите. Исто така во програмата се потенцирани 17 носечки проекти кои се обврзувам дека ќе бидат приоритет во мојот четиригодишен мандат.
– За жал и во 21-от век морам да кажам дека еден од приоритетите ќе биде проектот “Ѓорче без кал” кој опфаќа асфалтирање на сите досега не асфалтирани улици и реконструкција на веќе постоечки улици кои се дотраени во текот на времето, изјави Стојкоски
Тој, исто така, вети доизградба на изведба на канализациона мрежа во Орман и Никиштани.
– Мора да напоменам дека и жителите на Кучково кои се неколку месеци без вода ќе бидат приоритет во мојата програма. Иако постојано се апелираше до локалната власт, особено во летните месеци кога проблемот беше најакутен, истата немаше слух за ова прашање. Затоа јас лично се обврзувам дека ги слушнав моите сограѓани и проблемот со вода во Кучково оди во минатото онаму каде и што припаѓа, затоа што кучковци како и сите ѓорчепетровци заслужуваат промени преку проекти кои ним им се битни за подобар и подостоинствен живот, потенцира Стојкоски.
Тој информира дека во програмата се опфатени и поголеми проекти кои предвидуваат изградба на кружен тек на улиците „Ѓорче Петров“ и „Македонска војска“, проширување на улицата „Македонска војска“ од кружниот тек кај цркавата „Св. Петар и Павле“ до надвозникот во населбата Даме Груев, како и реконструкција на улицата „Волковска“ се до последна 22-ка, и улицата „Лука Геров“, се до Стопански Двор.
Во програмата на кандидатот за градоначалник на колаицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се предвидени и проекти кои се однесуваат на животната средина, како проблемот со дивата депонија во Ново Село, предвидени, финансирање на спортски клубови и изградба на инфраструктура.
Ново на Сител
-

Зеленски: Русите лансираа повеќе од 2.300 дронови кон Украина
-

Трамп: Брзањето во преговорите со Иран би можело да ги поткопа шансите за постигнување поволен договор
-

Дебранец возел без возачка, со 2,73 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка
-

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп-Битола оди со одлично темпо, првите километри ќе бидат готови следната пролет
-

Приведен жител на Росоман поради закани кон градоначалникот на социјални мрежи
-

До петок променливо облачно со услови за локален пороен дожд
-

„Велт“: САД планираат да го забрзаат повлекувањето на војниците од Европа
-

Седум полицајци се повредени, а 416 лица се уапсени во немирите во Франција по победата на фудбалскиот клуб ПСЖ
